Бизарно предупредување за Англичаните пред Мундијалот: Избегнувајте руски навивачи и диви мечки!

Повеќе од бизарно предупредување добија англиските навивачи кои планираат патување во Русија на Светското првенство кое не очекува за неколку месеци.

Повеќе од десеттина илјади навивачи на Гордиот Албион најавија заминување во Русија, а пред патот добија предупредување од организаторот.

Англичаните ќе мора да ги избегнуваат руските навивачи, бидејќи добро е позната историјата на судирите на навивачите од овие две селекции. Но, сериозен проблем за организаторите претставуваат и дивите ѕверови, пред се мечките. Па, Англичаните добија предупредување дека не им препорачано кампување и одвојување од населените области во Русија како не би се нашле очи во очи со дивите мечки кои се повеќе се спуштаат и во одредени руски градови каде ќе се играат натпреварите на СП.

 

Се вчитува...