Нови три натпревари за почетокот на новата недела во Бизнис-лигата…
Лукоил со цврста одбрана не дозволи изненадување во дуелот со Вип
Вип 2-4(2-3) Лукоил
Вип: Јовица Наумовски 9’ Дарко Димитриевски 19’
Лукоил: Дејан Зиков 2’ Владимир Секулоски 9’ Лоренцо Николовски 17’ 34’
Интересно прво полувреме одиграа Вип и Лукоил, уште на самиот старт на натпреварот и двете екипи започнаа со офанзивен фудбал, а Лукоил прв дојде до рано водство уште во 2. минута. По ова, екипата на Вип брзо се врати во натпреварот и во 9. минута успеа да го изедначи резултатот, но веќе во наредниот напад Лукоил преку Секуловски успеа да реализира за ново водство. До крајот на полувремето и двете екипи успеаја да дадат по уште еден гол за 2-3 на полувремето. Во второто полувреме видовме доста цврста игра без многу шанси за погодок, игра со многу дуели во рамките на ферплејот. Во 34. минута Лукоил успеа да искористи кикс во одбраната на Вип и да го зголеми водството на 2-4, по овој погодок екипата на Вип со сите сили тргна кон израмнување. До крајот на натпреварот екипата на Вип се обидуваше да дојде до поволна позиција реализација, но Лукоил одлично ја постави својата одбрана и го доби овој натпревар со 2-4.
Матрикс преку контранапади до победа над Македонски Телеком
Матрикс 5-1(2-0) Македонски Телеком
Матрикс: Петре Даиловски 3’ Драган Брњарчевски 9’ Дарко Насевски 36’ 39’ Антонио Богдановски 40’
Македонски Телеком: Роберт Попоски 40’
Првата фаза од полувремето од натпреварот помеѓу Матрикс и Македонски Телеком и припадна на екипата на Матрикс, играчите наметнаа свој стил на игра и вршеа постојан притисок кон противничкиот гол, веќе во 9та минута имаа предност од 2-0. По ова почетно водство екипата на Телеком со голман играч во фаза на напад се обидуваше да создаде играч вишок со цел да дојде до поволна позиција за изедначување на резултатот. Но, до крајот на полувремето не успеа, па на паузата се замина со 2-0. Во второто полувреме видовме доста тврд натпревар без многу шанси за гол играта главно се одвиваше на средината на теренот, екипите се обидуваа со удари од далечина да го загрозат противничкиот гол. Во последните минути екипата на Телеком фрли се на една карта и тргна жестоко во нападот, но тоа го казни Матрикс, чии фудбалери преку контранапади и дупки во одбраната на Телеком го зголемија резултатот на конечни 5-1.
Каровски со евро-гол ја донесе победата на Гранит
Сава Осигурување 5-6(5-3) Гранит
Сава Осигурување: Данило Поповски 7’ 9’ 12’ 13’ Коста Глигуровски 8’
Гранит: Кристијан Крстевски 3’ Сашо Каровски – Џуме 10’ 29’ 31’ Дарко Стојановски 19’ 26’
Во првиот натпреварт од тринаесетото коло силите ги одмерија тимовите на Сава Осигурување и Гранит. Двете екипи одиграа одлично прво полувреме исполнето со одлични акции и прекрасни погодоци. Прв до водство дојде Гранит во 3. минута, но само неколку минути подоцна екипата на Сава Осигурување преку расположениот Поповски успеа да направи целосен пресврт. До крајот на полувремето екипата на Гранит со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, но Сава Осигурување одлично ја имаше поставено својата одбрана и успеа да го задржи водството до крајот на полувремето 5-3.
Во второто полувреме двете екипи продолжија со високо темпо на игра, уште на самиот старт се редеа шанси. Во овој период од мечот Гранит влезе многу мотивирано и успеа да направи целосен пресврт. Во последните пет минути од мечот екипата на Сава Осигурување направи промена во играта, внесе голман-играч и со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување но Гранит успеаа да го сочуваат својот гол и да слават со резултат од 5-6.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА