Благоја Милевски се раздели со израелски Ашдод

Поранешниот селектор на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски повеќе не е тренер на израелскиот прволигаш Ашдод.

По низата лоши резултати на клубот последниот месец двете страни се одлучија на прекин на соработката. Од клубот информираа дека е официјализирана разделбата со Милевски, па сега се во потрага на нов тренер.

Заминувањето на Милевски од Ашдод е и по неколкумесечните недоразбирања со раководството на клубот кое не остана на ветувањата за креирање на тимот кој ќе има сериозни амбиции во најсилната лига на Израел. Ашдод, и покрај скромниот играчки кадар, стартуваше одлично со 7 бода од првите четири кола. Потоа изостана најавеното дополнително засилување на тимот.

Милевски во јуни се договори со Ашдод за двегодишна соработка која сега е прекината по само пет месеци.

Благоја Милевски во својата играчка кариера три години мина на клупата на Ашдод за кој има 80 настапи во периодот од 2001 до 2004 година.

Се вчитува...