Благојче Дамевски ќе ја предводи Победа во пролетниот дел

Едно од најславните имиња на прилепчани во последните две декади, Благојче Дамевски ќе биде новиот тренер на Победа низ пролетниот дел од шампионатот.

Дамевски, кој е поранешен долгогодишен капитен на Победа, беше дел од стручниот штаб на тимот во есенскиот дел а сега и дефинитивно ќе го преземе кормилото на тимот во пролетниот дел, по заминувањето на досегашниот тренер Бобан Бабунски.

Бабунски на едно коло до крајот од есенскиот дел замина од клубот поради проблемите со финансиската ситуација, а денеска официјално е именуван за нов тренер на битолски Пелистер.

Благојче Дамевски во понеделник (9. јануари) на стадионот „Гоце Делчев“, ќе ја има официјалната прозивка на тимот на стартот од подготовките за продолжението на првенството.

Се вчитува...