Бламажа: Ај што не дава голови, Вернер заборави и како се изведува корнер

Тимо Вернер одигра очајно и на денешното дерби со Манчестер Сити, германскиот ас цел натпревар немаше удар во рамките на противничкиот гол, а згора на тоа се посрамоти пред крајот на мечот, покажувајќи дека покрај постигнувањето голови не му оди ниту изведувањето корнери.

Тој се обиде набрзина да изведе удар од аголот, но го закачи корнер-знаменцето, потоа самиот се удри во другата нога, па за малку ќе заработеше и повреда.

Ова беше 11. натпревар во низа на кој Вернер не успеа да се запише меѓу стрелците, уште една потврда за очајната форма на засилувањето платено 60 милиони евра минатото лето.

Се вчитува...