Бламажа и аматеризам, Брентфорд го понижи Јунајтед (ВИДЕО)

Фудбалерите на Тен Хаг довижеаја вистинска бламажа и понижување откако загубија со 4-0 од тимот на Брентфорд. Овој резултат се постави уште во првото полувреме, па вториот дел беше ревијално одигран.

Се запошна по катастрофалната грешка на Де Хеа, Џош Да Силва во 10. минута постигна гол за ерупција на трибините и водство од 1-0. За многу кратко следуваше нова непромислена грешка, Де Хеа и Ериксен приредија мешаница во сопствениот шеснаесетник, а тоа го казни Матијас Јенсен во 18. минута, кој зголеми на 2-0.

Фудбалерите на Тен хаг никако не можеа да се фокусираат на противникот по ваквите аматерски грешки, а ваквиот пристап кон играта ги чинеше уште еден гол во сопствената мрежа, Бен Ми во 30. минута зголеми на 3-0. Јунајтед пред крајот на првото полувреме веќе губеше со речиси недостижни 4-0, стрелец на голот беше Брајан Мбемо го постави конечниот резулат во 35. минута.

Јунајтед ја продолжува лошата серија и во новата сезона од англиската Премиерлига, па останува без ниту еден освоен бод. Брентфорд по оваа голема победа има четири бода, откако во првото коло одигра реми со Лестер.

 

 

Се вчитува...