Блажевски: Благодарение на Комитите ние фудбалерите сме исплатени, но мора што побрзо да се реши цела ситуација

Најверните вардарови навивачи „Комитите“, без сомнение, овозможија одржување во живот на Вардар преку активната своја борба за време на зимската пауза.

И акцијата „Купи билет за спас на Вардар, заврши повеќе од успешно со собрани повеќе од 50.000 евра кои ќе бидат искористени за исплата на платите на фудбалерите.

Капитенот на Вардар, Дејан Блажевски вели дека тој и останатите фудбалери, со поддршка на Комитите, се исплатени, но мора што побрзо целата ситуација да биде решено, а во прв момент вардаровите фудбалери да добијат сигурно место за постојан тренинг.

„Со поддршка од Kомити и сите кои учествуваа во оваа акција, исплатени се средствата на мене и останатите фудбалери. Се надеваме на позитивни работи во иднина, имаме голема помош од Комити, но упатувам апел дека мора да се одлучат и други. Работава мора да се среди побрзо. Се надевам дека ќе дојде конечно решение, за сите кои даваме максимум да имаме каде барем да тренираме. Имаме поддршка од градоначалникот на Илинден, но мора да имаме каде да тренираме. Се надевам дека се ќе среди и уште еднаш големо благодарам. Се надевам дека се ќе биде во ред на крајот за Вардар“ – истакна Дејан Блажевски на денешната средба со медиумите, а пред стартот на третиот круг од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига.

Се вчитува...