Пет голови во мрежата на Шведска даде Холандија вечерва во триумфот од 5-1. „Лалињата“ покажаа сила и остварија убедлив триумф над Швеѓаните, кои освен во финишот на првиот дел, не покажаа ништо од своите квалитети, откако во првото коло го поразија Тунис со истиот резултат.
Уште во петата минута акција на Холанѓаните, по која Гакпо го проигра Броби, и овој стрела во мрежата на Нордфелд. Потоа истиот фудбалер погоди, но по асистенција од другата страна, на Дамфрис.
Швеѓаните на крајот на вториот дел имаа барем три стонастотни шанси, но не успеаја да ги искористат, а постигнаа и гол кој беше поништен поради офсајд.
На почетокот на вториот дел во центарот на вниманието беше Гакпо. Дамфрис со втора асистенција, а Гакпо носи 3-0. Потоа истиот фудбалер во 54. минута зголеми на 4-0. Еланга успеа да намали во 59. минута и да донесе неизвесност.
Самервил во 89. минута по прекрасна индивидуална акција успеа да донесе и петти гол за својата селекција, и да стави точка на оваа победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
