Блескаво второ полувреме за убедлива победа на Атлетико над Кадиз

Атлетико Мадрид ја забележа осмата победа и се искачи на втората позиција во Ла Лига откако славеше на гостувањето кај Кадиз со убедливи 1-4. Мрежите мируваа во првите 45. минути, а мадридскиот клуб демонстрираше доминација во продолжението.

Мечот го отвори Лемар со погодок во 56. минута, а по него мрежата ја затросоа и Гризман во 70. и Кореа во 76. минута. Лозано успеа да намали на 1-3 во 86. минута, а конечниот резултат го постави Куна во следниот напад.

Се вчитува...