Вториот тим на МЗТ Скопје никако да дојде до првата победа сезонава во Првата македонска кошаркарска лига, и покрај тоа што беше блиску до неа на гостувањето против Вардар. Младите „металците“ во 12. коло беа на чекор од победата, но на крајот загубија со 82-77.
Во крајно израмнет натпревар МЗТ Скопје 2 одигра одлична трета четвртина која ја доби со 19-28, и кога се чинеше дека ќе имаат сила за победа, во последните пет минути од натпреварот голем пресврт на „вардарци“ кои стигнаа до победата, добивајќи го последниот период од играта со 27-18.
Најефикасен во победничкиот тим беше Њус со 23 поени, а Крстевски натпреварот го заврши со 19 поени и 13 скока. Кај МЗТ Скопје 2 се издвои Дарио Митевски со 19 поени, а Максим Митевски мечот го заврши со 13 поени.
Вардар сега е со две победи и 10 порази на претпоследната позиција на табелата, а МЗТ Скопје 2 е последен без ниту една победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА