Некогашниот шпански фудбалер Мичу, кој е близок пријател со Ерлинг Халанд, открива дека Норвежанецот речиси сигурно на лето го напушта тимот на Борусија Дортмунд.
Мичу и Халанд се запознале пред неколку години во Шпанија, и останале во добри односи.
„Неодамна зборував со него, и не верувам дека ќе остане во Борусија и следната сезона. Сака да игра за силен тим, да се бори за сите трофеи и за Лигата на шампионите. Рече дека Шпанија многу му се допаѓа. Ако Реал го земе Мбапе, тогаш лесно би можело Халанд да заврши во Барселона“, рече Мичу.
Оваа сезона Халанд даде 23 гола на 20 меча за Борусија. Во Бундеслигата во 57 натпревари има дури 56 гола, и 17 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА