Блокиран трансфер: Перез ги налути и Бејл и Зидан

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ги шокираше сите, а ги збесна Герет Бејл и Зинедин Зидан со одлуката да не дозволи трансфер на Велшанецот во Кина. Џиангсу Сунинг нудеше неверојатни еден милион евра неделно и трансфер од три сезони, но Перез реши да го откаже договорот поради тоа што кинескиот клуб требаше да го добие Бејл практично во слободен трансфер.

Ваквата одлука го налутила Бејл, но и Зидан кој многу јасно стави до знаење дека најдобро за сите ќе биде ако велшкиот интернационалец си замине што побрзо. Јасно е дека Зидан и Бејл имаат многу лош однос и медиумите тврдат дека немале нормален разговор речиси две години.

Бејл го преживеа Зидан во претходниот мандат, сега ситуацијата е многу позатегната. Флорентино Перез кој е голем фан на Бејл одлуката ја донесе по изненадувачкиот пораз од 7-3 од Атлетико Мадрид.

Се вчитува...