Блокотехна го реши Балкан во Бугарија

Кошаркарите на Блокотехна славеа на контролниот натпревар што го одиграа на гостински терен против бугарскиот прволигаш Балкан, совладувајќи го овој тим со 72-76 на мечот што се одигра во Ботевград.

Натпреварот мина во израмнета битка, двете екипи се менуваа во водство, а пресудна се покажа последната четвртина што македонскиот прволигаш ја доби со 16-23 и стигна до заслужен триумф.

Мијатовиќ постигна 13 поени за Блокотехна, два повеќе од Главчев, Николиќ и Глигоријевиќ, додека Литванецот Глаидис и Младеновиќ го завршија овој натпревар со по десет поени.

Се вчитува...