Блокотехна оди по вистинскиот пат, на ред е Работнички

Блокотехна дефинитивно е најпријатното изненадување на стартот од новата сезона во кошаркарскиот шампионат. Новиот клуб од Гевгелија, основан од страна на долгогодишниот спонзор на Кожув, Томица Главчев, бележи одлични резултати со пет победи во првите пет кола од домашното првенство, но и со импресивен скор 4-1 во регионалната БИБЛ-лига.

Блокотехна е резултат на синергија, на знаење, искуство и исклучително добро менаџирање од стручност од една, и амбициозност, решителност и посветеност да се успее од друга страна. Јас како тренер можам да кажам дека е задоволство да се работи со играчи кои од самиот почеток го разбраа концептот по кој се функционира во овој клуб. Досегашниот резултат покажува дека сме на добар пат, како во домашното, така и во меѓународното натпреварување“ – истакнува шефот на стручниот штаб Марјан Илиевски.

Блокотехна веќе извојува една фантастична победа, на гостувањето против шампионот МЗТ Скопје, а избраниците на Илиевски денеска ги очекува нов тежок дуел во Скопје, овојпат во салата „Градски парк“ против Работнички.

Нема победа над МЗТ, екипа за која нема потреба многу да се говори за квалитетот и тежината како клуб, денеска излегуваме на мегдан и против Работнички, тим што исто така многу амбициозно ја стартуваше езоната. Иако статистички предничат странските кошаркари, идентитетот на Работнички се уште се базира на домашните играчи Мираковски и Чековски. Блокотехна е екипа што на секој натпревар, како на домашен, така и на гостински терен, без оглед на противникот, секогаш ќе го дава максимумот и нема да отстапува од својот стил на игра. Сигурен сум дека тоа ќе биде случај и на денешниот натпревар, на кој ќе ја покажеме таа желба за надигрување иако нашиот распоред на натпревари е густ, а времето за одмор премногу кратко“ – истакнува Илиевски.

Натпреварот меѓу Работнички и Блокотехна се игра со почеток во 18 часот.

Се вчитува...