Блокотехна поразена од Рилски спортист

Македонскиот прволигаш Блокотехна претрпе пораз од 87-76 на првиот контролен натпревар во Бугарија во кој избраниците на Марјан Илиевски за противник го имаа Рилски спортист.

Дуелот со ланскиот ривал од БИБЛ-лигата мина во подобра игра на бугарскиот состав, кој jа доби првата четвртина со 17-15, а потоа во вториот период стигна и до 15 поени разлика. Блокотехна беше подобра во третиот период стигнувајќи до „минус три“, но македонскиот прволигаш немаше сили за целосен пресврт.

Мијатовиќ беше најдобар поединец на натпеварот со 26 поени, Литванецот Гаидис постигна 18 за Блокотехна, Младеновиќ реализираше 11, а Главчев го заврши мечот со шест поени и девет асистенции.

Романскиот тим Питешт во последен момент го откажа патувањето во Самоков, поради што Блокотехна и Рилски утре ќе одиграат уште еден меѓусебен натпревар.

Се вчитува...