Бобан Николов: Ова не се опишува со зборови…

Извонредна партија среде Тбилиси, максимално впуштајќи се во пресметката на средината од теренот каде и се кршеше резултатот во финалето од Лигата на нациите, демонстрираше Бобан Николов кој сега пред себе ќе има второ учество на Европско првенство.

Фудбалерот на унгарски Мол Фехервар беше еден од носителите на играта во „златната генерација“ на Македонија која учествуваше на Европското првенство 2017 во Полска за млади репрезентации. А сега го очекува и собирот на најдобрите репрезентации на Стариот континент.

„Можеби се уште не сме свесни што направивме, но секако ова е најголемиот успех кој сум го почувствувал досега во кариерат. Имам настап на Европско првенство и со младата репрезентација на Македонија, и настапи со Вардар на европската сцена, но и сега уште многу на европската сцена. Но, овој резултат, овој момент не се опишува со зборови“ – вели Николов.

 

Се вчитува...