Боби Николов итно мораше на „царина“ кај чичко Зико… (ФОТО)

Пред денешното полетување за Ереван на следниот натпревар од Лигата на нациите против Ерменија, фудбалерот од средниот ред Бобан Николов по пристигнувањето на скопскиот аеродром итно мораше на „специјална царина“ кај чичко Зико.

Николов вети дрес од синоќешниот настап против Лихтенштајн за својот стрико кој работи во Царинската управа на РМ, па ветувањето мораше да го исполни…

„Секако, мора да си го исполнам ветувањето за еден од најголемите мои поддржувачи во кариерата. Дресот од синоќешниот меч со Лихтенштајн беше ветен од претходно и сега само се исполнува истото“ – низ смеа прокоментира Николов пред заминувањето за Ереван.

Николов верува дека и во Ерменија ќе се радуваме на победа како начин за осигурување на првото место во групата…

„Покажавме и синоќа дека сме најдобрата селекција во групата. Сето тоа одиме да го потврдиме и во Ереван секако желни за нова победа“ – истакнува Николов.

Се вчитува...