Боели го „шутнал“ Тухел преку видео повик

Ерата на Томас Тухел на „Стемфорд Бриџ“ не заврши славно. Германскиот стратег кој не само што успеа да ја спаси сезоната 2020/21, туку и да го совои трофејот во Лигата на Шампионите по неуспехот против Динамо Загреб на отварањето на новата сезона во елитното натпреварување беше „шутнат“ од клупата.

Лошата игра на „сините“ во главниот град на Хрватска го револитраа Германецот кој го откажа слободниот ден и закажа тренинг во центарот „Кобхам“, но таму не само што не се појавиле играчите, туку следел и вистински шок, откриваат англиските медиуми.

Тухел бил повикан на разговор со раководството на клубот, а во десетминутниот видео повик со Тод Боели и Бехдад Егхбали му било порачано да бара нова средина и покрај молбите за дополнително време за консолидирање на составот. За овој потег американскиот газда ќе мора и да го „одврзе ќесето“ со тоа што како обесштетување на герамнскиот тренер му следат 17.5 милиони евра, а оваа сума се искачува на над 20 милиони евра бидејќи заедно со стратегот заминува и стручниот штаб.

Новиот тренер на Челси ќе биде Грем Потер, англискиот стратег кој во домот на „сините“ доаѓа од редовите на Брајтон. И за него американскиот газда ќе мора да плати 18 милиони евра колку што изнесува откупната клаузула во договорот во премиерлигашот.

Се вчитува...