Како што се ближи крајот на трансфер периодот во НБА лигата, клубовите кои атакуваат на шампионски прстен се трудат да го најдат вистинското решение за остварување на главата цел. Во тој правец, во фокусот на минатогодишниот конференциски финалист Бостон Селтикс и полуфиналистот Лос Анџелес Клиперс е Богдан Богдановиќ.
Српскиот интернационалец оваа сезона потпиша богат договор со Атланта, но повредата која го оддалечи од паркетот неколку месеци го зема данокот и не му дозволи да го покаже целиот потенцијал. Но, и покрај тоа добрите партии во дресот на Сакраменто продолжуваат да бидат репер за можностите за Богдановиќ.
Целата ситуација во клубот од сојузната држава Џорџија ќе се обиде да ја искористи Бостон, тим на кој очајнички му е потребен центар, но и играч на бековската позиција па како опција се споменува „пакет“ со Џон Колинс и Богдановиќ. Србинот е желба и на Клиперс. Тимот од Лос Анџелес бара плејмејкер со „шутерски“ способности, а европскиот профил на поранешниот играч на Партизан и Фенербахче е полн погодок.
Последните инфорамции велат дека Богдановиќ е желба и на Голден Стејт. Шесткратниот НБА шампион оваа сезона повторно е во игра за плејофот, но на Стеф Кари му е потребен „шутер“ кој би го надополнил отсуството на Клеј Томпсон. Како ќе заврши целата разврска останува да видиме. До крајот на „трејд периодот“ остануваат уште два дена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА