Богдановиќ: Обрадовиќ не го интересира кој си… ако можеш да играш – играш (ВИДЕО)

Богдан Богдановиќ по надминување на повредата од почетокот на сезоната игра феноменално во дресот на Атланта. Српскиот ас го одбележа последниот месец во НБА лигата, бележејќи просек од 21.6 поени, 4.5 скока и 4.4 асистенции по натпревар со одличен процент на шутот од игра со што стана „топ тема“ во американските медиуми.

Бекот на Хокс од година во година бележи се поголем напредок во својата игра, а на оваа тема сега говореше и на поткастот на Карл Хајнс, во кој не можеше да ги заобиколи тренерите Душко Вујошевиќ и Жељко Обрадовиќ и времето поминато во Партизан и Фенербахче.

„Кај Душко Вујошевиќ повеќе работев на сопствената игра. Тој ме научи на некои индивидуални работи, но Жељко е тип кој сака да победи. Него не го интересира кој си, ако можеш да играш – играш, ако можеш да му помогнеш на тимот да победи – играш. Тој очекува од играчите да ги добиваат натпреварите. Не ги интересираат договори, години, кога си на теренот, тука си да победиш“, изјави Богдановиќ, па продолжи…

„Многу научив од него. За самата игра, како да ја читам играта, како да го гледам натпреварот на друг начин. Не велам дека бев себичен во Партизан, но едноставно тогаш тоа не го сфаќав. Не гледав дека постои и друга можност. Кога работиш на својата игра велиш. ‘Доколку не погодам, не сум добар’. Кај Жељко ја научив другата страна на медалот… довербата помеѓу играчите. Тоа ја прави кошарката едноставна, едноставна за тебе. Ти и јас заедно, тоа ме научи. Кој сака да игра на свој начин – не игра. Кога ќе се обидев да игра на мој начин, јасно ми стави дознаење како треба. Не само на мене, на секој. Тоа многу ми се допадна кај него. На почетокот не, никој не сака да чуе такво нешто на почетокот, но набргу почнуваш да се чувствуваш подобро. Сите се осеќаат подобро и сфаќаш за што станува збор“.

Се вчитува...