Богдановиќ: Притисок? Не играме во Европа па да ве гаѓаат со запaлки, монети…

Атланта поведе со 1-0 во полуфиналната серија од Источната конференција против Филаделфија откако славеше на гостински терен со 128-124. Гостите имаа и предност од 18 поени на влезот на последната четвртина, но домашниот тим успеа да се врати во средбата, со што приреди неизвесна завршница, но не успеа и да го превземе водството.

Еден од најзаслужните за победата Богдан Богдановиќ кој со 21 поен, 5 асистенции и 4 скока. Српскиот интернационалец стрелаше прецизно за три поени кога беше најпотребно за својот тим со што Атланта одолеа на налетот на домаќините, а потоа бекот од линијата за слободни фрлања стави и точка на мечот.

По натпреварот Србинот беше запрашан дали чувствувал трема при крајот на мечот за што имаше интересен одговор во кој направи споредба помеѓу Европа и САД.

„Живееме за вакви моменти. Кога почнувап со кошарка и ги гледаш најзначајните моменти на натпреварите сфаќаш дека тоа е тоа што го посакуваш. Сега за мене тоа е реалност. Ја користам секоја прилика која ми се укажува. Ме знаете долго време, знаете каде се играв. Кога играте во НБА знаете дека нема навивачите да ве гаѓаат од трибините со монети или запалки, ниту пак ќе ви вперат ласер во очи. Го искусив и тоа. Беше тешко да погодиш во тие услови. Сега кога тоа го нема, кога не сум во тоа окружување се се сведува на самодоверба и ментална подготовка – биди тоа што си, погоди ги слободните и замолкни ја публиката“, изјави Богдановиќ.

Се вчитува...