Богдановиќ верен на Атланта за 68 милиони долари

Богдан Богдановиќ ќе продолжи да ги брани боите на Атланта хоукс и во наредниот период откако српскиот репрезентативец ги договори условите за нов четиригодишен договор со „јастребите“, вреден огромни 68 милиони долари.

Ваквиот расплет е мало изненадување ако се знае дека Атланта сериозно размислуваше за трејд на Србинот во текот на оваа сезона, при што како можна дестинација беше наведен и Далас маверикс. На крај тоа не се реализираше, Богдановиќ остана во тимот, а денес и официјално се договори за продолжување на престојот во Атланта.

Српскиот шутер не ја активираше клаузулата за да влезе во дополнителна сезона од актуелниот договор, кој истекуваше на крајот од оваа натпреварувачка сезона. Во една таква ситуација, челниците на клубот беа принудени да реагираат и да му понудат нов договор, при што Богдановиќ во следниет четири години ќе заработи дополнителни 68 милиони долари.

Српскиот кошаркар сезонава настапи на 43 средби за Атланта и има просек од 14,1 поени, 3,2 скокови и 2,9 асистенции.

Се вчитува...