Бојан Крстевски: Одигравме машки за важна победа против Швајцарците

Стартерот во македонската репрезентација Бојан Крстевски не го крие задоволството по синоќешната победа над Швајцарија со Македонија ќе игра во квалификации за СП.

„Многу сум задоволен од оваа победа. Морам да им честитам на моите соиграчи за борбеноста. Машки одигравме, трет меч во пет дена. Одиме на победа, како и на секој натпревар, така и со Словачка. Ги послушавме советите на селекторот на полувремето. Да играме смирено, со цврста одбрана ќе го добиеме натпреварор. Без брзање, иако имавме падови, останавме присебни. На крајот погодивме важни шутеви, извлековме победа. Можеше да биде и двоцифрена предност. Но, собрана е голема количина на замор. Најважна ни беше победата“ – вели Крстевски по победата над Швајцарија.

Се вчитува...