Koшаркарите на Кожув стигнаа до првата победа во новата сезона во Суперлигата на Македонија откако вечерва славеа на гостувањето кај Скопје со 95-101. Тренерот на гевгеличани Миодраг Тодоровиќ со победа се врати против тимот кој минатата сезона го водеше до финалето во домашниот шампионат (Маџари се преименува во Скопје оваа сезона).
Домаќините подобро го отворија натпреварот и по првата четвртина имаа предност од 24-18. Гостите заиграа подобро во продолжение, а херој за тимот од Гевгелија беше Никола Бојчев кој во финишот погоди неколку важни шутеви меѓу кои и две тројки.
Токму Никола Бојчев беше прво име кај победникот со 24 поени, додека кај поразените Колин и Џоунс постигнаа по 26 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА























