Бојкот на социјалните мрежи: Премиерлигашките фудбалери во борба со расизмот

Голем број премиерлигашки фудбалери преку личните профили на социјалните мрежи денеска се активираа во борба против расизмот на фудбалските терени, како дел од кампањата која ја иницираше Асоцијацијата на фудбалерите од Премиер-лигата.

„Застануваме против расизмот. Свесни за одговорноста која ја носат нашите платформи на социјалните мрежи го користиме нашиот глас во борба против расната дискриминација. Заедно, ги повикуваме социјалните мрежи како и надлежните фудбалски институции да направат повеќе“ – е пораката која ја пратија повеќе од 50% од фудбалерите во Премиер-лигата.

Сите премиерлигашки фудбалери одлучија да ги бојкотираат социјалните мрежи 24 часа и на тој начин да се приклучат на акцијата за кревање глас против расизмот како и за будење на сите кои треба да направат многу повеќе за заштита на играчите од расистичките напади како од трибините така и на социјалните мрежи.

 

Се вчитува...