Бокан: Не сакаме да играме во приватната лига на Небојша Човиќ

Црногорскиот тим Будуќност не може да се помири со поразот во финалната серија во АБА – лигата. Црвена Звезда ја доби мајсторката и финалната серија со 3-2 во победи, а преовладуваше тензија и непријатна атмосфера. Претседателот на Будуќност, Драган Бокан вели дека неговиот тим нема да настапува во лига која е приватна сопственост на претседателот на Црвена Звезда, Небојша Човиќ.

„Нема да ја играме лигата на Небојша Човиќ. Најмал е проблемот кој е шампион, најмал е проблемот дали ќе ја поништат финалната серија или не. Зад нашето барање не стои само интересот на Будуќност, туку на сите клубови кои се дел од АБА. Сите луѓе кои ја сакаат кошарката. Во моментов АБА лига не постои“, изјави Човиќ.

Будуќност ја загуби финалната серија против Црвена Звезда и следната сезона нема да биде дел од Евролигата.

Се вчитува...