Огромни проблеми за Португалците: Дури без пет стартери во баражот против Турција!

Три недели не делат од полуфиналните баражи за пласман на Светскот првенство во Катар. Македонија, на 24. март ќе гостува кај Италија, во истиот термин Португалија ќе ја пречека Турција. Победниците во меѓусебен дуел ќе решат кој ќе игра на Мундијалот.

Фудбалската репрезентација на Португалија се соочува со огромни проблеми пред дуелот против Турција во полуфиналето од баражот за пласман на СП 2022 во Катар, откако неколку првотимци отпаднаа од комбинација за средбите закажани на крајот од месецов.

Прво се повреди стоперот на Манчестер Сити, Рубен Дијаш, кој шест недели ќе биде надвор од теренот, а потоа и Рубен Семедо, кој требаше да игра во одбраната. Најголемите проблеми за Португалците се откако Кристијано Роналдо поради повреда го пропушти дербито на Манчестер Сити и отпатува во својата земја.

На дуелот против Турција, селекторот Фернандо Сантош ќе ги нема на располагање и суспендираните Жоао Кансело и Ренато Санчез, што значи дека Португалците за дуелот со Турците би биле без дури пет стартери. Доколку ја победи Турција, Португалија во финалето од плејофот ќе биде домаќин на подобриот од дуелот меѓу Италија и Македонија.

Се вчитува...