„Болница“ во Рома: Мурињо без уште двајца првотимци против Болоња

Рома има можност со победа в недела против Болоња да ги прескокне Милан и Аталанта на калчолигашката табелата, но задачата на тимот на Жозе Мурињо ќе биде сериозно отежната поради бројните отсуства на првотимци за ова гостување.

Пауло Дибала и првиот голман Руи Патрисио се последните асови кои отпаднаа од комбинација за настап во Болоња, откако воопшто не отпатуваа со тимот на ова гостување. Ова значи дека на голот на Рома ќе се појави Миле Свилар, 23-годишниот српски голман кој ќе дебитира во Калчо-лигата, откако досега бранеше на само еден меч за „волчицата“, при поразот во Лигата на Европа од Лудогорец.

Покрај овие двајца првотимци, Мурињо не може да смета ниту на претходно повредените Ел Шарави, Смолинг, Љоренте, Кумбула и Карсдорп, па стратегот на „волчицата“ беше принуден во составот да вклучи и четири играчи од младинската екипа, Керамитсис, Мисори, Дел Бело и Мајчрзак.

Се вчитува...