Болоња и Лацио без „муниција“

Болоња и Лацио одиграа без голови во последниот натпревар во Серија „А“ за денеска. Иако и двата тима имаа многу шанси, сепак, на крајот мрежите мируваа.

Педро и Луис Алберто ги имаа најдобрите шанси за Лацио, меѓутоа не успеаја да погодат.

На другата страна Фергусон се најде во одлична прилика, и ја погоди стативата. Херој е голманот Скорупски кој што одбрани неколку тешки удари и на крајот му донесе бод на својот тим.

Ова е резултат кој не му одговара на Лацио, кој е во битка за излез во ЛШ следната сезона.

Се вчитува...