Болоња на Михајловиќ со пресврт од 0-2 до 3-2 против Кротоне

Болоња дојде до победа од 2-3 по огромен пресврт во 27. коло од Серија А.

Тимот на Синиша Михајловиќ имаше негатива од 2-0 по првото полувреме, откако домашните дојдоа до предност со головите на Месиас во 32. минута и Сими од пенал во 45. минута.

Сепак, Болоњо во второто полувреме дојде до посакуваната победа со головите на Сумаро во 62. минута, Шутен во 70. минута и Олсен во 84. минута за конечни 2-3.

Се вчитува...