Болоња на „српски погон“ до „метла“ против Милано – МВП Теодосиќ

Виртус Болоња е освојувачот на овогодишното издание на италијанското првенство откако тимот предводед од Александар Ѓорѓевиќ славеше во финалето против Олимпија Милано со перфектни 4-0.

Серијата беше заклучена денеска откако домаќините кои направија „брејк“ во Милано ја завршија работата на домашен терен славејќи со 73-62. Клучна за победата беше третата четвртина во која Болоња дозволи само осум поени на противникот кој го освои третото место во Евролигата.

За најкорисен играч на финалната серија беше прогласен српскиот плејмејкер, Милош Теодосиќ кој блескаше во текот на сите четири натпревари.

Се вчитува...