Болоња со „петарда“ го испрати Кремонезе во Серија Б

Кремонезе е вториот тим кој се сели во Серија Б по Сампдорија, откако денеска тимот на домашен терен загуби со 1-5 од Болоња.

Победникот на овој меч беше решен уште во првиот дел кога Болоња дојде до 0-3. Арнаутовиќ, Фергусон и Пош постигнаа голови во првиот дел.

Во вториот Орсолини и Сансоне донесоа убедливи 0-5, а Кремонезе само намали преку Чиофани. Со ова Кремонезе заостанува шест бода на две кола до крајот од сигурната зона, и следната сезона се сели во понизок ранг.

Се вчитува...