Болт: Јунајтед е на грбот на Роналдо, време е за тренер како Конте!

Усеин Болт, осумкратниот олимписки шампион и светски рекордер на 100 и 200 метри, е голем фан на Манчестер Јунајтед. Најбрзиот човек во историјата се осврна на моменталната ситуација за тимот предводен од Оле Гунар Солскјер.

Погба потенцираше дека на Јунајтед му треба нов тренер и нова енергија, укажувајќи дека Роналдо на свој грб ја носи целата тежина.

„Јунајтед игра лошо. Роналдо го спасува тимот на секој натпревар. Еден човек ја завршува целата работа. Јунајтед е на грбот на Кристијано. Одамна овој клуб нема одиграно добар фудбал. Сè е премногу опуштено. ‘Црвените ѓаволи’ го немаат победничкиот менталитет каков што го имаа во време на Фергусон“, рече Болт.

Веќе на големо се зборува за отказ на Солскјер, а како прв кандидат за негово место се споменува Брендан Роџерс, тренерот на Лестер. Сепак, Болт истакнува дека знае кое е најдоброто решение за Јунајтед.

„Го сакам Антонио Конте. Штета што отиде во Тотенхем. Сигурен сум дека ќе заврши одлична работа и со Спарси. Беше во Челси и ја освои титулата. Истото важи и за Интер и Јувентус. Човекот ја знае работата, се надевам дека еден ден ќе седне на клупата на Јунајтед. До тогаш, се надевам дека Јунајтед ќе биде предводен од тренер на лик на Антонио“, изјави Болт.

Се вчитува...