Болт нервозен пред дебито: Не знаев дека фудбалот е толку брза игра

Усаин Болт уште додека доминираше по атлетиските патеки најавуваше дека сака да почне и фудбалска кариера, а откако кажа збогум на својот омилен спорт реши да се посвети на играта со „буба марата“. Тој веќе беше на проба во неколку различни клубови, а последните денови ги мина тренирајќи во Австралија со екипата на Централ коуст маринерс, тим за кој официјално ќе дебитира в петок на натпревар против аматерска екипа.

Болт лани одигра пријателски натпревар и за норвешкиот клуб Стромгодсет, па сега е поискусен за сето она што ќе се очекува од него на теренот.

„Да бидам искрен, не очекував дека фудбалот ќе биде толку брза игра. Кога си на теренот темпото е исклучително високо. Не е важно против кого играме, моја желба е да се покажам во што подобро светло. Секако дека сум нервозен, ова веќе не се хуманитарни и ревијални натпревари, ова ми е тест-натпревар за да покажам дека вредам, дека можам да ја почнам својата кариера како фудбалер“ – изјави Болт.

Тој откри и на која позиција го користи тренерот на Централ коуст во изминатиот период.

„Играм како лево крило, тоа е местото на кое тренерот ме постави и на кое се усовршувам. Не сум навикнат цело време во топ-брзина да трчам напред и назад, тоа ми е наголемиот предизвик. Сепак, знам дека се е само прашање на време и тренинг, максимано сум посветен“ – истакна најбрзиот човек на сите времиња.

Се вчитува...