Болт: Се уште не се родил човек кој ќе ме надмине

Најдобриот спринтер на сите времиња, Јамајканецот, Јусеин Болт смета дека се уште не се родил човек кој ќе може да ги сруши неговите рекорди и дека се надева дека тоа нема да се случи ниту во следните 20 години.

„Личноста која ќе ги сруши сите мои рекорди се уште не е родена. Тоа се резултати кои мора да бидат надминати и тоа неминовно еден ден ќе се случи. Сепак, се надевам дека за 20 или 25 години на моите деца ќе можам да им раскажувам како и понатаму рекордите се во моја сопственост“, изјави Болт. 

По завршувањето на атлетската кариера, Болт се проба и во фудбалот каде тренираше во Борусија Дортмунд и Стремсгодсет, а заигра и за австралискиот клуб Централ Коуст Маринерс.

Се вчитува...