Најбрзиот човек на сите времиња Јусеин Болт жали што не настапи на Летните олимписки игри во Токио. Освојувачот на 11 златни медали смета дека во Токио би успеал да стигне до уште едно злато.
На последните игри на трката на 100 метри победи Италијанецот, Марсел Ламонт време за кое Болт верува дека можел да истрча побрзо.
„Мојот тренер пред крајот на кариерата ми кажа „Другите спринтери не убрзуваат во финишот, бидејќи не можат“. Никогаш не размислував за тоа на тој начин. Вистина, другите спортисти не се баш брзи. Ја поставив летвичката многу високо со моите рекорди и потоа почнав да успорувам. Но, да учествував во Токио веројатно би бил побрзо од 9.80. Требаше да не се пензионирам“, изјави Болт.
Неговиот рекорд од Светското првенство во Берлин во 2009 година уште долги години ќе остане недопирлив.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА