„Бомба“ на денот: Ибрахимовиќ се враќа дома

Златан Ибрахимовиќ на својот инстаграм-профил објави кратко видео со кое најверојатно го обелодени следниот чекор во кариерата, шокантен за фудбалскиот свет бидејќи Швеѓанецот реши да се врати назад во татковината, и тоа во редовите на Хамарби.

Голгетерот е слободен за ангажман по истекот на договорот со ЛА Галакси, за неговите услуги се интересираат бројни клубови ширум Европа, се најавуваше камбек во Милан, но според видеото што тој самиот го објави, Хамарби ќе биде новиот тим на Ибракадабра.

Секако, не се исклучува ниту можноста ова да е уште еден „трик“ на шведскиот голгетер, кој и претходно знаел да си поигрува со јавноста подгревајќи ги шпекулациите за следната дестинација во кариерата.

 

View this post on Instagram

 

@hammarbyfotboll

A post shared by Zlatan Ibrahimović (@iamzlatanibrahimovic) on

Се вчитува...