Бомба од Англија: Ливерпул се откажува од Салах, на негово место доаѓа Мбапе

Актуелниот европски шампион Ливерпул сака во своите редови да ја доведе првата ѕвезда на францускиот фудбал и Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, пренесуваат медиумите во Англија.

Шпекулациите говорат дека Јирген Клоп подготвил понуда која францускиот тим нема да може да ја одбие. Наводно Ливерпул подготвил 225 милиони фунти, а подготвени се да се откажат и од услугите на Мохамед Салах, како Французинот би добил повеќе простор во тимот.

Французинот би требало во Ливерпул да заработува по 34 милиони фунти годишно, со што ќе биде еден од најплатените фудбалери во светот. Покрај Ливерпул за услугите на Мбапе е заинтересиран и Реал Мадрид.

Се вчитува...