Бомба од Англија – Обамејанг го менува Арсенал со Манчестер Јунајтед

Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед сака во своите редови да ја донесе ѕвездата на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг, пренесуваат британските медиуми. Сумата која се подготвени да ја платат од таборот на „црвените ѓаволи“ изнесува 70 милиони фунти. 30-годишниот напаѓач има договор со клубот од „Емирејтс“ до јуни 2021 година.

Обамејанг на „Олд трафорд“ треба да стигне како замена за белгискиот интернационалец Ромелу Лукаку кој е пред потпис со калчолигашот Интер, а сумата на трансферот треба да изнесува 85 милиони евра.

Доколку Обамејанг премине на „Олд трафорд“, тој ќе биде нов во низата фудбалери кои дресот на Арсенал го замениле со дресот на Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...