„Бомба“ од Англија: Слот е пред отказ, доаѓа Стивен Џерард

Арне Слот нема да го преживее најновиот неуспех и ремито со Лидс, особено откако Мохамед Салах ја разбранува јавноста отворено говорејќи за незадоволството што последните три меча ги стартуваше од клупата за резерви.

Од Слот се очекуваа три победи против Вест Хем, Сандерленд и Лидс, забележа само една, па холандскиот ас се наоѓа пред отказ што би можел да го добие веќе во текот на денешниот ден. Управата чувствува дека му дала доволно „кредити“ по ланската титула, но Слот делува како тренер што ја има загубено поддршката од клучните играчи, без идеја како да се извлече од големата криза.

Јирген Клоп јавно се дистанцираше од оваа функција, но Стивен Џерард е човекот кој е најблиску до клупата на Ливерпул откако Слот ќе си замине од „Енфилд“. Клупската легенда одби неколку понуди во последните месеци, но јасно ставил до знаење дека без размислување би прифатил камбек во Ливерпул, клубот каде што ги мина најблескавите моменти во кариерата.

Џерард е подготвен дури и да потпише краткорочен договор до крајот на сезонава, со клаузула за продолжување при одреден резултатски успех, па Ливерпул сериозно размислува за враќање на големата легенда назад на „Енфилд роуд“.

Се вчитува...