Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ е пред заминување од Јувентус, откако преговорите за нов договор меѓу двете страни веќе подолго време не носат напредок.
„Старата дама“ плати 80 милиони евра за да го доведе Србинот од Фиорентина и на сите им е веќе јасно дека „црно-белите“ нема да можат да си ја вратат оваа инвестиција. Последните информации говорат дека цената на Влаховиќ е спуштена на 50 милиони евра, по што веќе се најавува и неговиот нов клуб.
А, информациите за неговиот нов клуб одекнаа како „бомба“ во италијанските фудбалски кругови, ако се зне дека Милан е заинтересиран за неговите услуги. Наводно, веќе се почнати и разговори меѓу Милан и менаџерите на Влаховиќ, кој би прешол во најголемиот ривал на тимот од Торино.
Јувентус нема против негова преселба во Милано ако падна финансиски договор меѓу двата клуба, затоа што „Старата дама“ планира парите од неговата продажба да ги искористи за двајца нови напаѓачи. Еден од нив сигурно ќе биде Џошуа Циркзе, Холанѓанецот кој е на излезна врата од Манчестер Јунајтед и на чие доаѓање инсистира тренерот Мота. Втора опција е Коло Муани, кој е достапен на 18-месечна позајмица од ПСЖ, но и Нкунку, кој е незадоволен од статусот што го има во Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА