„Бомба“ од „Емирати“: Обамејанг доаѓа во Арсенал за 60 милиони евра?!

Англискиот премиерлигаш Арсенал ќе донесе повеќе од достојна замена за Алексис Санчез, кој се очекува во наредните 48 часа да потпише договор со Манчестер јунајтед. Но, на „Емирати“ треба да пристигне Пјер – Емерик Обамејанг, напаѓачот на Борусија Дортмунд за сма од 60 милиони евра. Овој трансфер е многу блиску до реализација, а пред потпис со Арсенал е и младиот Малком од Бордо.

Обамејанг денеска не беше во составот на Борусија Дортмунд на дуелот против Волфсбург, а првичната имнформација беше дека се работи за недисциплина. Сепак, Габонецот побарал трансфер во Англија, откако Арсен Венгер му понудил да биде ново засилување за „топчиите“. Доколку овој трансфер се реализира, тогаш Обамејанг ќе биде најскапиот трансфер во историјата на Арсенал, а најверојатно и ќе биде најплатен фудбалер во тимот.

 

Се вчитува...