„Бомба“ од Хрватска: Лино Червар си оди од Металург!

Лино Червар е подготвен да си замине од Металург и во следниот период целосно да се посвети на работата на хрватската репрезентација. Ова го тврди весникот „Вечерњи лист“, според кој Червар дефинитивно ја завршува својата мисија во клубот од Автокоманда, во кој тренерската улога ќе му припадне на Александар Јовиќ.

„Металурзите“ играат очајно во последните десетина дена, загубија од Војводина во СЕХА, а потоа и од Бешикташ во рамките од Лигата на шампионите, меч што многу лесно може да се покаже како последен за Червар на кормилото на овој клуб. Хрватот веќе се наоѓа во татковината и го крои списокот за претстојното ЕП на својата национална селекција, а интересно е што тој ниту ги потврдува, но не ги ни демантира гласините за замиинување од Металург. Напротив, најавува дека ќе остане во Загреб „до следно“.

„Не ме прашувајте ништо за Металург, можеме да зборуваме само за хрватската репрезентација. Во Загреб останувам до следно, имаме малку време, а многу работа“ – порачува Червар за „Вечерњи лист“.

Од “Автокоманда“ вообичаено молк, но многу работи се очекува да бидат појасни на прес-конференцијата закажана пред мечот со Спортинг во ЛШ, на која би можел да се појави Червар, или пак Александар Јовиќ.

Се вчитува...