Арсенал би можел да биде главниот актер во финишот на летниот преоден рок, откако англиските медиуми лансираа сензационална вест за наводен интерес на „топчиите“ за бразилската суперѕвезда на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор.
Според првичните информации, раководството на клубот од Северен Лондон сериозно ја разгледува можноста да испрати астрономска понуда до Мадрид. Иако интересот е во почетна фаза и се уште нема официјални преговори, менаџерот Микел Артета наводно веќе дал зелено светло да се испита теренот и да се контактираат агентите на фудбалерот.
Ова потенцијално засилување би претставувало најскап трансфер во историјата на Арсенал. Сепак, реализацијата на овој договор изгледа исклучително тешко, со оглед на тоа што Винисиус има цврст договор со „кралевите“ до 2027 година и важи за еден од клучните играчи во тимот на Жозе Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
