„Бомба“ од Мадрид: Перез во план да ги купи Мбапе и Халанд следното лето

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е решен да ги доведе на „Сантијаго Бернабеу“ и двете големи ѕвезди на светскиот фудбал во моментов, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд. Дури веќе го има обезбедено буџетот за да ги привлече следното лето.

Според медиумите во Шпанија, Французинот ќе пристигне како слободен играч, а Реал Мадрид ќе плати откупна цена од 75 милиони евра за да го земе Норвежанецот од Борусија (Дортмунд).

„Од највисоките нивоа во Реал Мадрид ни кажаа дека привлекувањето на Мбапе е веќе договорено. Сепак, клубот е решен да ги земе Килијан и Халанд во исто време. Реал ќе направи се што е можно да ги привлече и двајцата следното лето. Халанд чини 75 милиони, а на состанокот на делегатите беше одлучено 200 милиони од буџетот од 400 милиони да одат на стадионот, а другите 200 да се одвојат за привлекување на Мбапе и Халанд. Сега се преговара за договорот со Халанд, бидејќи Реал Мадрид сигурно ќе ја плати клаузулата од 75 милиони евра“, објавија медиумите во Мадрид.

Се вчитува...