„Бомба“ од Островот: Јунајтед го урива британскиот рекорд за Азар

Манчестер јунајтед е подготвен да конкурира на Реал Мадрид за потписот на ѕвездата на Челси, Еден Азар. Како што најавува „Метро“, Јунајтед ќе издвои 90 милиони фунти за Белгиецот, што ќе претставува нов британски трансфер рекорд.

Азар наводно одбил да стане најплатениот играч во историјата на клубот, Челси му понуди 300.000 фунти неделно, но шпекулациите велат дека по крајот на сезоната ќе бара нов предизвик. Поточно, белгискиот репрезентативец чека на преселба во Реал Мадрид и да стане новиот „галактико“, откако изрази желба да игра под крилото на Зидан. Раководството на „црвените ѓаволи“ со многу самодоверба се обидува го „украде“ Азар од рацете на Реал. Нивната финансиска моќ им овозможува да се наддаваат со „кралевите“, но последната одлука останува на самиот играч.

Откако Мурињо го напушти Челси по вторпат, односите со Азар останаа само на професионално ниво, па прашање е колку е подготвен повторно да игра соработува со португалскиот стратег. Јунајтед пак, на друга страна се навикна да ја полни касата на актуелниот англиски шампион, oткако летово го купија Немања Матиќ за 35 милиони фунти, како и Хуан Мата пред три ипол сезони за истата сума.

Се вчитува...