„Бомба“ од Златан: Здраво, Шпанија, јас се враќам…

Златан Ибрахимовиќ го привлече вниманието на европската фудбалска јавност откако преку видео на инстаграм-профилот најави дека е подготвен за враќање во шпанскиот фудбал.

Иако досега најчесто беше поврзуван со италијански клубови (во преден план беше Наполи), Златан реши со најновото видео да ја „поздрави“ шпанската јавност.

„Здраво Шпанија. Погодете што, јас се враќам“ – порача Ибрахимовиќ.

Останува да се види дали оваа најава ќе се реализира, но и кој е клубот во кој Ибракадабра би настапувал почнувајќи од јануари 2020 година. Тој веќе најави дека сака да настапува за тим со амбиции за освојување на трофеи, речиси невозможно е враќање во Барса по конфликтите што своевремено ги имаше со Меси, па во преден план излегуваат двата мадридски клубови, Реал и Атлетико.

Се вчитува...