„Бомба“ во најава: Хамес Родригез пред трансфер во Бока јуниорс!?

Џејмс Родригез (30) минатата година ја напушти Европа и среќата ја побара во катарскиот Ал Рајан. Таму постигна пет гола и запиша седум асистенции на 14 настапи оваа сезона, но наскоро би можел да се врати на големата сцена.

Имено, колумбискиот новинар Адријан Мањоли ја пласираше информацијата дека славната Бока е заинтересирана за Родригез.

Не е невообичаено клубот од Бомбоњера да ги „почести“ навивачите со некое звучно засилување, во последните години тоа беа Тевез, Де Роси, Освалдо, па можеби сега на ред е поранешниот играч на Реал Мадрид.

Родригез моментално заработува седум милиони евра по сезона, па останува прашањето како Бока ќе успее да ги исполни високите финансиски апетити на Колумбиецот.

Офанзивниот играч за врска има 30 години и секако може да одигра уште неколку фудбалски сезони на врвно ниво, особено во Јужна Америка, па нема сомнеж дека навивачите би биле воодушевени од неговото доаѓање. Родригез во својата досегашна кариера покрај Реал пред да замине во Катар настапуваше и за Енвигадо, Банфилд, Порто, Монако, Баерн Минхен и Евертон.

Се вчитува...