„Бомба“ во најава: Сагосен си оди од ПСЖ?

Раул Гонзалес има вистински дрим-тим на располагање во ПСЖ, но дека работите не се „розови“ доволен доказ е фактот дека клучните странски ракометари не планираат да останат во Париз. Уве Генсхајмер веќе го договори своето враќање во Рајн-Некар Левен, а неговите стапки на излезната врата од ПСЖ ќе ги следи и Сандер Сагосен.

Како што информираат германските медиуми, Сагосен сериозно размислува за заминување од Париз, а најсереиозен интерес за негов потпис покажува раководството на Кил. Договорот на Сагосен е со важност до 2020 година, но Кил сака една сезона однапред да го осигура неговиот потпис за потоа да не влезе во наддавање со останатите заинтересирани клубови.

Норвежанецот веќе добил понуда за нов договор, но истата ја одбил. Истовремено, локалните медиуми од Кил тврдат дека делегација на „зебрите“ веќе отпатувала за Париз и имала разговори со Сагосен и со неговиот агент. Засега повеќе детали не се обелоденуваат во јавноста, но во Кил се оптимисти дека ќе го убедат извонредниот бек да му се приклучи на клубот, како замена за Домагој Дувњак чиј договор истекува токму во 2020 година.

Се вчитува...