„Бомбите“ на Талески што го потопија Алжир (видео)

Филип Талески со осум гола го трасираше патот до четвртфиналето, уште еднаш покажувајќи дека е новиот македонски ракометен бисер. Левиот бек одигра маестрално, а голем дел од погодоците ги постигна во вистински момент, запирајќи ги сериите на противникот и носејќи предност на нашата селекција.

Од осумте погодоци, избравме три со кои Талески остави белег на оваа голема победа, за прв пласман на Македонија во четвртфиналето од еден ракометен мундијал.

Се вчитува...